КЛ: Минимални победи за Лацио, АЕК Ларнака, Партизан и за Лудогорец

Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски заедно со неговите соиграчи од АЕК Ларнака извојуваа триумф против Днипро од 1-0, додека Лацио со ист резултат (1-0) беше подобар од Клуж во Конференциската лига.

Екипата од Кипар беше подобар противник на теренот, а единствениот гол го постигна преу Гарсија во 84. минута, додека Тричковски остана на терен еден час.

Лацио славеше со голот на Имобиле во четвртата минута од судиското надополнување во првиот дел, иако тимот од Рим играше со фудбалер помалку од 15. минута, кога Патрик доби црвен картон.

На останатите натпревари Партизан славеше против Шериф со 1-0, додека Лудогорец исто така беше подобар од Андерлехт со 1-0.

https://www.facebook.com/v14.0/plugins/page.php?adapt_container_width=true&app_id=653887071409745&channel=https%3A%2F%2Fstaticxx.facebook.com%2Fx%2Fconnect%2Fxd_arbiter%2F%3Fversion%3D46%23cb%3Df382fbcd1800dd4%26domain%3Dsport1.mk%26is_canvas%3Dfalse%26origin%3Dhttps%253A%252F%252Fsport1.mk%252Ff2ff4807cf75c9%26relation%3Dparent.parent&container_width=0&hide_cover=true&href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2FSport1.mk&locale=mk_MK&sdk=joey&show_facepile=false&small_header=true

Треба да знаете
Последни објави