Шефот на руската паравоена група Вагнер, Евгениј Пригожин денеска изјави дека градот Бахмут нема да биде освоен пред март или април.
– За да го освоите Бахмут треба да ги пресечете сите патишта за снабдување. Мислам дека ќе го земевме Бахмут да не беше оваа монструозна воена бирократија, која не би не сопнувала секој ден, истакна Пригожин на видео-снимка објавена на „Телеграм ВарГонцо“ (Telegram WarGonzo).
Бахмут е епицентар на борбите во источна Украина, а Вагнер со месеци се обидува да го заземе градот и регрутираше голем број затвореници.
Пригожин на 9 февруари изјави дека ова регрутирање престанало и дека не крие дека е во конфликт со руската воена хиерархија.