Силен земјотрес со интензитет од 5,3 степени по Рихтеровата скала во 10:47 минути го погоди хрватскиот остров Крк во Јадранското Море, каде бил и епицентарот, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, четири километри источно од Крк и 37 километри југоисточно од Риека.
Земјотресот се почувствувал во поширокото подрачје, како и во Загреб.