Студено утро во поглем дел од земјава, најстудено во Берово

Утрово во државава најниска температура од  -8 степени Целзиусови е измерена во Берово.

Следат Битола со -7, -6 Скопје-Петровец, -5 Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија, Прилеп, Тетово, Струмица, Штип, Крива Паланка, -4 Гевгелија -3 Претор, Охрид, Куманово, Дебар, Маврови Анови, -1 Дојран, Виница, Попова Шапка и нула степени во Крушево.

Висината на снежната покривка на Попова Шапка е 35 см и 15 во Маврови Анови.

Според инфомациите од УХМР, времето наутро студено, а преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени. Во Скопје наутро студено, а преку денот сончево и тивко. Максималната температура ќе достигне до 11 степени. 

Треба да знаете
Последни објави