Кошаркарите на Денвер, предводени од Никола Јокиќ, триумфираа синоќа на домашен терен против Далас со 118-109, забележувајќи ја третата победа во серија во НБА лигата.
Српскиот центар го запиша 21. трипл – дабл во сезоната, завршувајќи го натпреварот со 14 поени, 13 скокови и 10 асистенции.
Јокиќ со тоа ја надмина бројката од 500 скокови и асистенции во актуелната сезона што досега им успеа само на Расел Вестбрук (2016/17, 2017/18 и 2018/19) и Оскар Робертсон (1961/62).