Со големо задоволство ви го претставуваме новиот, свеж и модерен редизајн на Бриф.мк.
Ребрендирањето е во знакот на десет години од основањето на Бриф.мк и присуство во македонскиот етер. 10 години – позиционирање преку професионално работење, точно и навремено информирање, придонес во демократските процеси во државата и слободата на говорот. Новиот, подобрен Бриф е најава за годините што следат во кои со истата посветеност и професионално работење ќе известуваме и учествуваме во креирањето на јавното мислење на теми важни за сите граѓани.
Им благодариме на сите кои придонесоа нашиот портал да се изгради во сигурен и проверен извор на информации за случувањата во Македонија и светот.