Додека спасувачите ги пребаруваа урнатините на болницата во Одабаси, провинцијата Хатај, тимовите открија дека две лица се уште се живи.
Тие беа спасени 261 час по разорниот земјотрес што ја погоди Турција.
Екипите стигнаа до Мустафа Авџи и Мехмет Али Сакироглу, кои беа затрупани под урнатините на болницата, јавуваат турските медиуми.
Борејќи се со времето, спасувачите стигнале до двајцата по 261 час и ги спасувале еден по друг.
Hatay’da enkaz altından 261’inci saatte, bu gece kurtarılan Mustafa, tıbbi müdahalenin ardından ilk olarak, telefon numarasını hatırladığı bir yakınını aradı. Kardeşimiz Mustafa’yı bu kadar iyi görmekten çok mutluyuz. pic.twitter.com/t0jrmH0M6r
— Dr. Fahrettin Koca (@drfahrettinkoca) February 16, 2023
Тие биле повредени и многу исцрпени, па спасувачите ги однеле во итната медицинска помош, додека луѓето околу нив аплаудирале на уште едно чудесно спасување,пренесе Телеграф.рс.