Кривична за в.д. директорот на ЈКП „Водовод“ – Битола за бесправно градење

Секторот за внатрешни работи Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против Јавното комунално претпријатие „Водовод“ – Битола и против П. М. (39) од Битола, в.д. директор на претпријатието, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело бесправно градење, казниво по член 244 од Кривичниот законик.

Второпријавениот, во текот на април и мај 2022, без да изготви соодветна документација и проект и без одобрение за градба, дозволил изградба на подземна инсталација на место каде што претходно не постоела.

Треба да знаете
Последни објави