Кога станува збор за разрешувањата, ајде да се погледеме меѓу себе и да се запрашаме како анализата зтана антивладинин говор, како здравиот разум стана анти СДСМ и ДУИ, како сите анкети и читањето на резултатите од анкетите, станаа против вас? Како сите релеватни извештаи на државен завод за статистика, извештаите на Јавното обвинителство, извештаите на Државната комисија за спречување на корупција, како анализата на било кој овој документ, стана анти оваа Влада? Дали тоа нешто ви укажува, како една обична анализа каде завршува државната помиш и дека државната помош завршува во фирми блиски на премиерот и на функционери, стана материјал за опозициски говор, рече од собраниската говорница пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков на денешната собраниска седница за разрешување на министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити.
Лефков ја запраша власта дали тоа не им укажува до која точка ја доведоа корупцијата во државата, во држава во која што се уриваат сите рекорди во јавни набавки без огласи, додавајќи дека тоа не го зборува тој, туку тоа го зборуваат извештаите на Државниот завод за статистика.
„Во 2021 година 46 милиони евра јавни набавки без огласи, спроведени нетранспарентно. Во 2022 таа бројка се зголемува за 54%. Не останува иста, не се намалува, туку се зголемува. 65 милиони евра јавни набавки без оглас, спроведени нетранспарентно. Од извештаите кои што стигаат од релевантни институции, 88% од сите јавни набавки, спроведени во време на пандемијата се без јавни повици во цени кои што се и до 500 проценти повисоки од пазарните цени, набавувани за ковид опрема, службени возила со кожни волани”, истакна Лефков.
Левков во својот говор повторно ја запраша власта, предводена од премиерот Димитар Ковачевски, како сега било која анализа која ќе ја погледнете станува антивладина, дали тоа не ви укажува дека државата ја водите само од лични интереси.
„Извештајот на Државната комисија за спречување на корупција ќе каже дека од предвидените 111 активности се спроведени само 20. Министерствата кои што ги раководите потфрлаат и спровеле само една, две или ниту една активност за борба против корупцијата во земја која што беше на 111 место по корупција, а малиот скок до 88 го направи токму поради националната стратегија која што, од друга страна, не ја спроведувате”, посочи меѓу другото пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.