Наполи на македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас, сигурно чекори кон освојувањето на скудетото во италјанската Серија А. Избраниците на тренерот Лучано Спалети ја продолжија победничката серија во 23. коло од калчолигашката конкуренција со гостински триумф против Сасуоло (2:0), што за нив е 20. победа по 23 одиграни натпреаври. Наполи сега има предност од 18 бодови пред второпласираниот Интер.
Наполи по нешто повеќе од половина час игра го реши прашањето околу ппобедникот. Грузиецот Хвича Кварацхелија донесе водство уште во 12. минута по одличниот соло продор по што лесно го совлада голманот Андреа Конзиљи, а нигерискиот интернационалец Виктор Осимен во 33. минута го постигна вториот гол за конечниот резултат.
Сасуоло се обиде да се врати во игра, но откако во 41. минута им беше поништен голот на Лориенте поради офсајд, до крајот на мечот не успеаја барем да ја намалат разликата на Наполи.
Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас се најде во почетниот состав на Наполи и одигра до самипот финиш, кога во 85. минута беше повлечен од игра.