Милионерот и финансиер Џорџ Сорос вчера изјави дека ако Русија биде поразена во војната во Украина, тоа ќе резултира со колапс на „Руската империја“.
Сорос вели дека поранешните советски републики би го поздравиле тоа.
Сорос рече дека САД ќе ја поддржат Украина, но дека американскиот претседател Џо Бајден го предупредил украинскиот претседател Володимир Зеленски дека има граници и дека трета светска војна мора да се избегне, пишува Ројтерс.
Но, Сорос не откри од каде ја добил оваа информација.
Сорос изјави дека руската армија е слабо водена, слабо опремена и деморализирана и затоа рускиот претседател Владимир Путин се свртел кон платеници од Вагнер за да ја саботираат украинската армија.
„Земјите од поранешниот Советски Сојуз едвај чекаат да ги видат Русите поразени во Украина бидејќи сакаат да ја потврдат својата независност. Тоа значи дека украинската победа би резултирала со колапс на руската империја.
Милијардерот вели дека потпирањето на Путин на групацијата Вагнер, во сопственост на Евгениј Пригожин, се чини дека функционирала на краток рок, пренесе Ројтерс.