Стојаноски: Над 80 % граѓаните веруваат дека има корупција во судството, во такво криминално дувло влегува Алијанса

„Почитувани граѓани разговараме за разрешување на министер на кој што голем дел од пратениците денеска му го дознаа името, Адмирим Алити. Ке ви кажам зошто го зборувам тоа а особено сакам да влезат пратениците од Алијанса за да ги соочиме аргументите, и да ви кажеме пред очите на целата македонска јавност во какво криминално дувло влегувате” , нагласи Стојаноски.

Стојаноски кажа преку бројки во какво криминално дувло влегува Алијанса на Албанците.

„Ќе цитирам бројки кои што се изнесени на емисијата Детектор а кој што ја таргетираат корупцијата. Според вас дали  степенот на корупција во Македонија се зголемува ? 63 % а останува ист 19,5 % во вакво криминално дувло влегувате вие. Второ, според вас дали има корупција во судството, има многу корупција 57,1 процент, а донекаде има 22, 7 Проценти. Над 80 % граѓаните веруваат дека има корупција во судството. Има корупција многу во судство 57%, здравство 43,6 %, јавната администрација 41,9 % во полицијата 41 ,8 %. Двата сектори кои што ги води Алтернатива се полни со корупција” , рече Стојаноски.

Стојаноски додаде и дека за многу бргу од сега граѓаните, корумпираните актери на политичката сцена ќе ги испратат во историјата.

„Не е тактика да ги собирате сите да ги уценувате и да останете ден на власт, тактика е да добиеш доверба од граѓаните и да излезеш со чист образ и крената глава. Правете што сакате овие бројки кои што ви ги прочитав се мислењето на народот за вас можете да бегате, можете да се продавате , можете да купувате, можете да тргувате нечесно со кого сакате, за многу бргу од сега корумпираните актери на политичката сцена ќе ги испратиме во историјата , нагласи Стојаноски.

Треба да знаете
Последни објави