Феникс 2010 првпат во својата клупска историја ќе игра во финалето од Купот на Македонија – „Благоја Георгиесвки – Буштур“, откако во полуфиналето го совлада Пелистер со 86:79 (26:17, 21:27, 19:19, 20:16). Во 30. финално издание за победничкиот трофеј Фникс ќе игра против 10-кратниот шампион МЗТ Скопје, кој претходно го елиминираше актуелниот победник во ова натпреаврување ТФТ Скопје. Финалето се игра утре во СРЦ „Кале“ со почеток од 19:30 часот.
Феникс имаше подобар старт на мечот осигурувајќи предност од 26:17 по првата четвртина, разлика која се зголеми на 37:21 во втората четвртина, пред Пелистер да се врати со своја серија и да намали на 37:32. Феникс ја оддржуваа разликата и во второто полувреме, не дозволувајќи битолскиот клуб да се доближи на помалку од пет поени разлика. Двете екипи беа шутерски расположени и реализираа дури 26 тројки, по 13 на двете страни.