Хуманитарна организација: Во Сирија поради земјотресот раселени над 171.000 луѓе

Најмалку 171.843 лица се раселени во северозападна Сирија поради земјотресот од 6 февруари, чиј епицентар беше во јужна Турција, соопшти Сириската организација за координација за одговор.

–         Помошта на Обединетите нации (ОН) останува минимална, при што за една недела пристигнаа само 114 камиони, од кои 93 отсто поминаа преку преминот Баб ал-Хава, и покрај отворањето на уште два гранични премини, се наведува во соопштението на хуманитарната организација.

Исто така Организацијата го потенцира општото незадоволство во регионот поради доцнењето на хуманитарната помош на ОН, наведувајќи дека таа е за 25 отсто помала од вкупната помош што пристигнала во северозападна Сирија. 

Треба да знаете
Последни објави