Спасувачките екипи денеска од под урнатините го извлекоа 45-годишниот Хакан Јасиноглу кој помина 278 часа под урнатините од разорните земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала, што во понеделникот на 6 февруари ги погодија јужните делови на Турција, јавува Anadolu Agency.
Спасувачите го предале Јашиноглу на медицинските екипи, кои му укажале прва помош и го пренеле во болница.
Бројни спасувачки тимови се уште упорно трагаат по луѓето затрупани во урнатините на зградите по земјотресот во кој загинаа најмалку 42.000 луѓе на југот на Турција и во пограничните области на Сирија.