Белгиската полиција заплени четири тони кокаин во провинцијата Антверпен, а десет лица се уапсени, соопшти локалното јавно обвинителство.
Локалната полиција забележала сомнителна активност во близина на холандската граница во вторникот вечерта кога неколку автомобили со холандски таблички заминувале и се враќале во Равелс, град во провинцијата Антверпен, објави Брисел тајмс.
Полициските патроли успеале да пресретнат еден од тие автомобили, во кој се возеле двајца холандски државјани.
Се покажало дека едниот и бил познат на холандската полиција за прекршоци поврзани со дрога, а набргу потоа полицијата уапсила маж на возраст од триесет години кој се обидел да избега.
Подоцна полицијата упаднала во куќа и до контејнер со 68 вреќи кокаин пронашла уште седум лица.