Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала ги погоди индонезиските острови Танимбар во провинцијата Малуку, соопшти Агенцијата за геофизика на земјата, додавајќи дека нема опасност од цунами.
Според соопштението, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 97 километри.
Засега нема извештаи за евентуални жртви или материјална штета.