Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ беше пречекан од публиката пред ресторанот во сопственост на неговото семејство, по повод прославата на овогодинешната осовена прва гренд-слем титула. Ѓоковиќ испиша историја кога ја освои својата 10-та титула на првиот сезонски гренд-слем турнир Австралија опен кој се одржа во јануари, и на тој начин стигна до својата 22. гренд-слем титула.
Покрај улицата беа поставени плакати на Новак, како и бина од која тенисерот им се обрати на граѓаните, кои го скандираа неговото име.
Новак на децата им делеше и балони, а потоа имаше и огномет.