На Србија сериозно ѝ се забележува зошто не воведува санкции против Руската Федерација, напиша српскиот претседател Александар Вучиќ на својот Инстаграм профил, по средбата со високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедност, Жозеп Борел на вториот ден од Минхенската безбедносна конференција.
Вучиќ како што напиша, имал „отворен разговор“ и „подготовки за продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина“. Претседателот на Србија рече дека со Борел разговарал и за „подготовките за потенцијални разговори“ со премиерот на Косово, Албин Курти. Борел закажа дијалог на високо ниво меѓу Вучиќ и Курти за 27 февруари.
-Реков дека секогаш сум подготвен за разговор, но знаете за што треба да се разговара, тоа е Заедницата на српските општини, рече Вучиќ.