Повеќе нема непоразени екипи на домашен терен во англиската фудбалска Премиер лигата, откако вечерва Ливерпул го совлада како гостин Њукасл (0:2) во рамките од 24. коло. Средбата на „Сент Џејмс Парк“ беше решена во првиот дел, кога Ливерпул ги постигна двата гола, а Њукасл остана со играч помлку, бидејќи беше исклучен голманот Ник Поуп.
Ливерпул дојде во водство во десеттата минута од средбата, преку Дарвин Нуњез на асистенција од Александер Арнолд. Седум минути подоцна Коди Гакпо го постигна вториот гол за „црвените“ поставувајќи го конечниот резултат на овој меч.
Ливерпул врза две победи и со 35 бода е осмопласиран, додека Њукасл има 41 на четвртото место.