Одбранбениот фудбалер Марсело го напушти грчкиот Олимпијакос по нецели шест месеци поминати во Атина. Договорот кој беше потпишан на почетокот од септември оваа сезона е раскинат договорно од двете страни. Грците поранешниот трофеен играч на шпанскиот Реал Мадрид при пристигнувањето го претставија како „вистинска фудбалска легенда“.
Марсело беше најуспешниот играч во историјата на Реал Мадрид со кој освои 25 трофеи во периодот од 2007 до 2022 година. Во Грција не ги оправда очекувањата, а како што пренесува „Марка“, Марсело моментно е повреден, а Реал Мадрид се нуди да му помогне.
– Тој беше со нас малку време, но доволно долго за да се создаде вечна врска. Знае дека секогаш ќе има пријатели во Грција, се вели во соопштението на Олимпијакос.
Бразилецот Марсело имаше 10 настапи за тимот од Атина.