Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди источна Турција, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Како што соопшти EMSC на својата веб-страница, повикувајќи се на податоците на турската управа за вонредни состојби и земјотреси АФАД, земјотресот е регистриран на длабочина од 5 километри, на 25 километри северо-северозападно од Адијаман.
Претходно и централна Турција е погодена од земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала.
По земјотресот на истокот од земјата, имаше уште еден земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала, кој го погоди подрачјето на турско-сириската граница, јавува ЕМСЦ.