Против пет романски лекари, од кои еден е приведен, е покрената истрага поради сомнеж дека продале стотици пејсмејкери извадени од починати пациенти, го пренесе РТС соопштението на романското обвинителство.
Еден од петте лекари, кои работеле во болница во Јаши, се наоѓа во притвор додека трае истрагата под обвинение за злоупотреба на службената положба и примање поткуп – наведело обвинителството.
Уапсениот лекар, како што е објаснето, надгледувал група од четворица други лекари, кои му доставувале импланти за срце извадени од починати пациенти без нивно или одобрение од нивните семејствата.
Лекарот е осомничен дека извршил 238 операции од 2017 година користејќи импланти од починати пациенти или од непознато потекло, со што неговите пациенти биле изложени на опасност од компликации или смрт.