Пожарната служба од Охрид и Црвениот крст- Охрид на социјалните мрежи информираат за евакуација на луѓе од заглавени возила на Галичица, а како што посочуваат ова е втор ваков случај во текот на денешниот ден. Проблемите ги прават снежните наноси, за кои граѓаните сметаат дека нема да им бидат проблем за безбедно даа се качат и симнат од падините на планината.
„За жал, ниту апелите, ниту сообраќајната сигнализација, не се доволни за одредени наши сограѓани, кои упорно се обидуваат да одат спротивно од правилата, прописите, разумот и логиката, додаваат тие во својата објава на Фејсбук.
Оттаму апелираат до Јавно претпријатие за државни патишта да дозволи поставување на физички бариери-рампи, на оние места, на кои согласно сообраќајната сигнализација, сообраќајот е забранет.