Неколку илјади демонстранти се собраа во главниот град на Молдавија, барајќи новата, прозападна влада во таа земја целосно да ги покрие сметките за парно на граѓаните во текот на зимата, пренесува Ројтерс.
Протестот беше организиран од неодамна формираната група наречена „Движење за народот“, а беше поддржан од членовите на проруската молдавска партија Шор, која има шест места во парламентот на поранешната советска република од вкупно 101.
Некои од демонстрантите кои се собраа во Кишињев повикаа на оставка на претседателката на земјата, извикувајќи „Долу Маја Санду!“.
„Имаат милиони. Умираме од глад“ , извикувале тие.