Во Турција се тресе на секои три до четири минути, регистрирани над 6.000 земјотреси по разорниот

Разорниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што ја погоди границата меѓу Турција и Сирија на 6 февруари беше проследен со повеќе од 6.000 последователни потреси, објави турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).

Од земјотресот на 6 февруари, тлото во Турција забележува потреси „на секои три до четири минути“, а околу 40 од нив биле со јачина од 5 степени, рече Орхан Татар, шеф на АФАД во Анкара.

Според него, се очекува потресите во земјата да продолжат и со тоа, за жал, да предизвикаат уште поголема штета врз трауматизираното локално население.

Тој ги повика луѓето во погодените области да се држат настрана од оштетените згради, додавајќи дека властите ја проценуваат штетата на стратешката инфраструктура, вклучувајќи ги браните и тунелите.

Според последните податоци, повеќе од 46.000 луѓе загинаа во земјотресот, а десетици илјади луѓе во југоисточна Турција сега се без покрив над главата.

Треба да знаете
Последни објави