Маричиќ: Поддржуваме идеи и иницијативи кои водат кон стабилност и развој на демократското општество

Поддржуваме идеи и иницијативи кои водат кон стабилност и развој на демократското општество, напиша вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на својот фејсбук профил по денешната средба со основачот на Фондацијата Отворено општество Џорџ Сорос и нејзиниот заменик-претседател Александар Сорос, на која присуствувае и приемрот Димитар Ковачевски.

-На средбата се согласивме дека промоцијата на демократските вредности и регионалната соработка се инпулс за економски развој, поголема мобилност и подобрување на животниот стандард на граѓаните. Поддршката која во континуитет ја имаме од Фондацијата во реформите, преку проекти во различни области и пренесување на добри практики, значи побрз пристап кон европската интеграција. Благодарни сме за досегашната помош и како Влада сме отворени за унапредување на соработката со нашите пријатели од Отворено општество, особено во областите кои за нас во моментов се клучни за преговорите со ЕУ, а тоа се владеењето на правото и функционирањето на демократските институции, наведува Маричиќ. 

Треба да знаете
Последни објави