Бројот на загинати во разорните земјотреси што ги погодија Турција и Сирија надмина 46.000, а од Турција денеска дојде веста дека спасувачите ќе ја продолжат потрагата само во две провинции, додека во сите други таа е прекината.
Она што го заинтригира целиот свет беа балоните кои беа поставени на урнатините во Хатај.
Многу луѓе се прашуваа зошто на урнатините има црвени, сини и розови балони.
Kако што јавува Би-Би-Си, овие балони биле обесени во спомен на децата загинати во разорните земјотреси, а биле поставени од волонтери од Турција.
Имено, волонтери предводени од фотографот Огун Норт Окура, кои се членови на детската асоцијација Огун Аби, се искачија на урнатините во Хатај и прикачија балони на металните жици кои штрчат од купот отпад.
Тие првично ги идентификуваат локациите каде загинале децата, а потоа оставаат балони на влезовите во урнатините.
„Секој балон што го гледате овде претставува дете кое починало“, изјави за турските медиуми основачот на ова здружение, фотографот Огун Север Окур.