Берлускони се спротивстави, на Мелони не и е грижа: Италијанската премиерка утре во Киев со Зеленски

Италијанската премиерка Џорџија Мелони утре ќе отпатува за Киев, каде ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави Ројтерс.

Мелони, која ја презеде функцијата во октомври, рече дека планира да го посети Киев пред годишнината на 24 февруари од руската инвазија на Украина. И покрај несогласувањата за ова прашање во нејзината десничарска коалиција и поделеното јавно мислење, Мелони е цврст поддржувач на Украина.

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, лидер на конзервативната партија „Форца Италија“, која е дел од владејачката коалиција, минатата недела изјави дека нема да оди на средба со Зеленски доколку тој се уште е на чело на владата, бидејќи, како што изјави тој, го обвинува украинскиот претседател за војната со Русија.

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани, еден од основачите на партијата на Берлускони, вчера изјави дека се сретнал со неговиот украински колега Дмитро Кулеба на маргините на Минхенската безбедносна конференција и дека за време на средбата ја потврдил поддршката на Италија за Киев.

Треба да знаете
Последни објави