Две третини од граѓаните не веруваат дека во Македонија може да се добие фер и правично
судење а близу три четвртини се на ставот дека законот не важи подеднакво за сите, покажува
последната анкета која за #Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања – Скопје.
Според неа, 65,7% од граѓаните се на ставот дека Во Македонија не може да се добие фер и
правично судење додека во спротивното се убедени 19,3%.
Македонците и етнички Албанци комплетно различно гледаат на ова прашање, иако во
мнозинство се согласуваат дека фер судење во Македонија не може да се добие. Сепак додека
ваков став делат 73,2% од Македонците, „само“ 42% етнички Албанци сметаат дека не можете да
добиете фер судење за разлика од 32,7% кои се на ставот дека во Македонија може да ви биде
судено во фер постапка. Овој процент кај етничките Македонци е спуштен на само 14,8%.
73,9% од граѓаните велат дека во Македонија законот не важи подеднакво за сите, додека
неселективност во правдата гледаат само 17,3%.
Споредбата на оваа анкета со анкетата која ИПИС за Детектор ја спроведе пред 4 години покажува
дека нема некоја значителна разлика, иако постои благ раст на граѓани кои денеска сметаат дека
законот не важи подеднакво за сите. И по ова прашање значително се разликуваат ставовите ако
се направи анализа на етничката структура на испитаниците. Па така, 81,8% од Македонците
сметаат дека законот не важи подеднакво за сите, додека ваков став делат 51% етнички Албанци.
Гледано по региони, во вардарскиот и источниот регион над 90% од анкетираните сметаат дека
правдата е селективна додека на југоистокот и во полошкиот регион ваков став делат околу 60%
од истпитаниците.
70,9% од анкетираните велат дека македонското судство не е ефикасно, додека ефикасност
перцепираат 16,4%.
И тука споредбата со претходната анкета која ИПИС за Детектор ја спроведе во 2019 дава раст на
бројот на граѓани кои сметаат дека судството не е ефикасно, иако разликата не е многу голема.
Сепак, голема е разликата меѓу ставовите на Македонците и етничките Албанци по ова прашање.
Додека близу 80% Македонци сметаат дека судството не е ефикасно ваков став делат само 46%
етнички Албанци.
Генерално гледано, граѓаните имаат многу мала доверба во правосудниот систем.
Во судството доверба имаат само 24% додека не му веруваат точно 70% од анкетираните.
Тука некаде се и бројките за обвинителството. Тоа има недоверба кај 67% од анкетираните
додека му веруваат 25%.
Во народниот правобранител доверба имаат 35% од граѓаните а недоверба 50,4%.
75,3% од анкетираните сметаат дека македонското правосудство не е независно додека само 11%
сметаат дека тоа е отпорно на надворешни влијанија. Во споредба со нашата анкета од пред 4
години, има значителен раст на бројот на граѓани кои денеска сметаат дека судството не е
независно. Ако оваа бројка во 2019 била фиксирана на нешто под 60%, денеска таа оди над 75%.
И тука Македонците и етничките Албанци имаат прилично различни ставови. Додека 83%
Македонци сметаат дека немаме независно судство, ваков став делат 52,9% етнички Албанци.
Истражувањето на јавното мислење за Детектор го спроведе Институтот за политички
истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1115 испитаници во периодот од 01 до 04