Институт за војна: Кадиров го отфрли предлогот на Вагнер да работи против Русите

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров веројатно го одбил предлогот на платеничката група Вагнер да работи против руското Министерство за одбрана. Според Институтот за воени студии (ISW), Кадиров не сака да учествува во друг информативен напад против министерството.

Вагнер претрпе повеќе од 30.000 жртви од почетокот на руската инвазија на Украина, а приближно 9.000 нејзини членови загинаа во борба, според Белата куќа.

Американците велат дека повеќето од „Вагнеровците“ се затвореници

Американците проценуваат дека 90 отсто од војниците на Вагнер убиени од декември досега се затвореници, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби. Тој истакна дека тие постигнале одредени придобивки во и околу Бахмут во изминатите неколку дена, но дека им биле потребни неколку месеци.

„Можно е да успеат во Бахмут на крајот, но тоа нема да им биде од вистинска корист бидејќи нема вистинска стратешка важност“, објасни Кирби, додавајќи дека Украинците веројатно ќе задржат силни одбранбени позиции низ Донбас . Кирби, исто така, рече дека Вагнер сè уште многу се потпира на затворениците, кои се испраќаат во борба без обука или опрема.

Треба да знаете
Последни објави