Жан Митрев: Јавното обвинителство да се произнесе дали постои релација меѓу истражителката која му давала информации на Марјан Стаменковски и дали парите кај него се од познат скопски бизнисмен сопственик на друга приватна болница како што се објавува во медиумите
Клиниката Жан Митрев најави и веќе ја поднесе Кривичната пријава против, Марјан Стаменковски сопственик на порталот ДоказМ.
Истовремено сметаме дека структурата на организираната група која стои позади хајката којашто веќе седум месеци трае против Клиниката Жан Митрев излегува на виделина и јавно прашуваме:
Дали кај материјалот пронајден кај Марјан Стаменковски се наоѓаат индиции за поврзаност меѓу познат скопски бизнисмен сопственик на приватна болница, чиј вработен јавно ги малтретираше вработените во нашата клиника.
Дали истражителката која го снабдувала Марјан Стаменковски со информации за истрагата против Жан Митрев работела по насоки на бизнисменот?
Дали обвинителката Искра Хаџи Василева ги инструирала поранешните пациенти во предистражна постапка и ги наведувала?
Апелираме за објавување на доказите поврзани со случајот на клиниката Жан Митрев каде јасно се гледа корелацијата на Стаменковски со истражители кои директно имале влијание и информации за целиот случај и постапките. Во правна држава не смее да се дозволат влијанија од надвор и да се диктираат процеси во рамките на обвинителството и судството, што повеќе од очигледно било случај за истрагата поврзана со нашата Клиника.
Со оглед на штетата нанесена на Клиниката Жан Митрев, правниот тим бара од ОЈО да се приклучи кон кривичниот прогон.
Со дел од насловите како „Жан Митрев полудел”, „Митрев криминалец”, „Народот сака доктор Митрев да виси”, „Сашка гази го убиецот Митрев”, и дел од навредите како „Митрев – Менгеле”, „бесилка за доктор Митрев”, „Митрев монструм”, Марјан Стаменовски направил кривично дело ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.
Стаменковски со интензивното обавување на наведените статии, во период од јули 2022 година до 22.01.2023 година, со умисла извршил повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело со што се нанесуваат штети не само врз доктор Жан Митрев туку и на вработените во самата Клиничка болница Жан Митрев. Во кусиот временски период беа објавени повеќе од 21 натпис каде дел имаа порака – „Доктор Јозеф Менгеле (ангел на смртта) = Жан Митрев Хипокрит (доктор наречен смрт) !!! Фала му на господ бог што постои Сашка Цветковска и ИРЛ”, „Жан Митрев е монструм!!! Убиец!!! Треба некој да го сопре неговиот вампиризам!!!”
Очекуваме брз и транспарентен расплет на случајот и нападите против Клиниката Жан Митрев.