Премиерот Димитар Ковачевски во Минхен оствари средба со Волфганг Шмидт, федерален министер за посебни прашања и шеф на кабинет на канцеларот на Германија, кој ја изрази поддршката за евроинтеграциите на Северна Македонија.
На средбата разговараа за потребата од забрзан пат на Северна Македонија до полноправно членство во Европската Унија. Притоа, заемно констатираа дека европскиот пат на земјите од Западен Балкан е важен за стабилност и безбедност на регионот.
-Дополнително, интеграцијата на Западен Балкан е и од стратешки интерес на ЕУ, особено во услови на силна поларизација на светот, пред сè како резултат на воената агресија врз Украина, наведува владината прес-служба.