Украинците тврдат дека го уништиле Т-90 Пробој, најдобриот и најмодерниот руски тенк.
Видеото од запалениот тенк вечерва го објави украинската армија.
Претходно три лица загинаа, а пет се ранети од руски ракетен истрел во близина на Херсон, во јужна Украина, соопштија локалните власти.
„Во неделата наутро руската армија со артилерија го гранатираше селото Бурхунка“, објави на Телеграм управата на областа Херсон.
Бурхунка се наоѓа на 60 километри североисточно од Херсон, во близина на реката Дњепар, која е линијата на поделба помеѓу териториите контролирани од Киев и оние под руско раководство.
„Три лица загинаа на лице место, а ранети се четворица“, соопштија од регионалната управа. Според изворот во нападот утрово „во истото село било рането осумгодишно момче“.