Марк Цукерберг, сопственикот на Мета (Фејсбук, Инстаграм), објави дека воведува претплата во износ од 11,99 долари месечно за проверка на сметките на платформите бидејќи големата социјална мрежа поминува низ финансиска криза.
Meta Verified, кој за прв пат ќе биде достапен во Австралија и Нов Зеланд оваа недела, е сличен на системот што го воведе Илон Маск на Твитер, со услуги за верификација на идентитетот и придобивки како што се „директен пристап до услуги на клиентите“. „Идејата беше да го подобриме кредибилитетот и безбедноста на нашите услуги“, рече Цукерберг во пораката на Инстаграм и Фејсбук.
„Претплатниците ќе добијат значка на Фејсбук и Инстаграм што покажува дека нивниот идентитет е потврден, заштита на нивната сметка (против кражба на идентитет), пристап до услуги на клиентите и поголема видливост“, рече портпаролот на Мета.
Претплатата е наменета за лица постари од 18 години. Корисниците ќе плаќаат 11,99 долари месечно за Meta Verified на интернет и 14,99 долари месечно на iOS и Android.