Бела Торн откри дека одбила да го стави својот потпис врз фотографија на која е разголена.
25-годишната актерка порано учествувала во фотосесија за магазинот „Џеј Кју“ каде позирала топлес, но кога еден човек ја запрел на улица и побарал да потпише примерок од списанието надевајќи дека ќе го продаде, таа одбила бидејќи сметала дека е неприкладно.
„Често давам автограми. Но, вчера некому му кажав не. Нормално не одбивам, но ме навредија,“ рече таа во интервју за „Холивуд репортер“.
„Ме пресретна човек и почна да ми покажува фотографии, го свртев погледот за секунда и пред мене се најде фотографија од мене на насловна страница на списанието GQ.“
„Тоа беше супер секси, бев во долна облека, мојот задник речиси откриен, а горе топлес. Реков дека нема да го потпишам тоа, и тој повторно ја врати пред мене. Реков: не, јас нема да го потпишам тоа. Тој извади уште една фотографија од списание со уште еден секси изглед. Ми рече: ајде, Бела, потпиши се за мене!“
„Сето ова не ми се допадна. Беше неприкладно.“