Блинкен: Испораките на Ф-16 во Турција се прашање од национален интерес за САД

 Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави денеска дека за американската администрација е прашање на „национален интерес и безбедност“ да ја снабдува Турција со нови авиони Ф-16 и да обезбеди модернизација на борбените авиони што ги има таа држава. Блинкен тоа го изјави на прес-конференција во Анкара по денешниот разговор со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Највисокиот американски дипломат рече дека администрацијата на претседателот Џо Бајден продолжува да ја поддржува испораката на Ф-16 на Турција.

– Како што вели и претседателот Бајден, отсекогаш ни била важна способноста на Турција и НАТО за заеднички операции, истакна тој.

– Ние стоиме рамо до рамо во борбата против заедничките безбедносни предизвици, рече американскиот државен секретар, поздравувајќи ја улогата на Турција во поддршката на Украина.

Во октомври 2021 година, Анкара побара 40 борбени авиони Ф-16 и речиси 80 комплети за надградба во вредност од околу 6 милијарди долари. Сепак, испораките на американско оружје за Турција станаа предмет на расправа во САД, откако Анкара се здоби со руски ракетни системи С-400. 

Треба да знаете
Последни објави