ВМРО-ДПМНЕ: Меѓународната World Justice Project објавува дека корупцијата со оваа власт е двојно поголема во споредба со 2015, а владеењето на правото е многу влошено

Македонија тоне во криминал и корупција. На Македонија и се случува распад на правниот систем. Власта краде, а народот осиромашува. Тоа не го гледаат само граѓаните, тоа веќе го гледаат и го бележат и реномирани светски институции.
Меѓународната организација World Justice Project (WJP) во својот извештај за објавува индексот на владеење на правото за 2022 година ја рангира Македонија на 63 место. Во споредба со минатата година во 2015 година државата била на 44 место. Тоа се 19 места полош пласман.
Исто така оваа меѓународна организација прави квантитативна анализа на корупцијата. Македонија согласно нивните мерења во 2015 година била на 38 место, а во 2022 година е на 73 место, што е речиси двојно полоша состојба.
Сето ова е резултат на епидемиска корупција која владее и целосната  и на која и кумува владата на СДС и ДУИ. Индикаторите покажуваат дека власта ги поклопила целосно правосудните органи и нема никаква борба против организираниот криминал. Затоа гледаме наместени тендери, матни зделки, зголемување на богатството на функционерите кои отвораат нови фирми, градат нови хациенди и го цицаат буџетот. Затоа, од друга страна нема пари за земјоделците, за младите, за пензионерите, за образованието, спортот, културата.
Оваа криминална власт на СДС и ДУИ мора да замине час поскоро за да може Македонија да тргне напред.

Треба да знаете
Последни објави