Првиот вицепремиер Артан Груби, на средбата со жителите на Чаир, истакна дека на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, му поднел оставка од првиот ден откако е назначен за вицепремиер, објави Тетовасот.
„Ако Али Ахмети ми каже мене или и на Бујар Османни кој е тука присутен, да си одиме дома, така и ќе направиме. Од првиот ден кога станав функционер му ја дадов нему оставката, неговиот збор е последниот збор за мене”, рече Груби.
Според Груби, Ахмети се вложил за Чаир, тука е подигнат, рече, споменик на Скендербег, во Скопје е изграден плоштад „Скендербег“, тука е отворен универзитетот „Мајка Тереза“.
„Ахмети можеше да го испрати Скендербег во Тетово, Мајка Тереза да ја однесе во Кичово, а плоштадот да го направи некаде во Гостивар, каде што ќе беше. многу полесно. Но неговата политика беше да ги овласти Албанците од Скопје и да ја врати политиката во Скопје”, рече меѓу другото Груби.