Младата холандска 22-годишна атлетичарка Фемке Бол го собори светскиот рекорд на 400 метри во сала што пред 41 година го постави легендарната Јармила Кратохвилова од Чешка.
Бол на холандското државно првенство во Апелдорн ја истрча патеката во неделата вечер со време од 49.26 секунди и за 33 стотинки го подобри оставрувањето на Кратохвилова од 7. март 1982 година.
„Може ли подобро од ова? Не знам, но знам дека имав речиси совршена трка. Да, верував и се надевав дека можам да истрчам околу 49.5. Но, овој резултат е големо изненадување и за мене“, изјави Бол, која на Олимписките игри во Токио ја освои бронзата во трката на 400 метри со пречки.