Најтрофејниот клуб со европски шампионски титули, шпанскиот Реал Мадрид, во реприза на финалните натпревари од фудбалската Лига на шампионите од 2018 и 2022 година, утре ќе му гостува на англискиот Ливерпул. Ждрпката ги намери еден наспроти друг великаните на светскиот фудбал во осминафиналето од ЛШ.
Тренерот Карло Анчелоти тимот на „кралевите“ што ќе настапи на „Енфилд“, ќе го составува без Тони Крос и Орелијан Чуамени. Двајата играчи од редот за врска се повредени.
Добра вест за Анчелоти е што ќе може да смета на Карим Бензема, кој не играше во саботата против Осасуна.
Во ростерот за дуелот со Ливерпул се најде 19.годишниот Алваро Родригес. Уругваецот против Осасуна запиша асистенција на дебито за Реал во Ла Лига.