Уште два силни земјотреси, од кои едниот со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала, денеска го погодија пограничното подрачје меѓу Турција и Сирија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на 70 километри северно од градот Латакија во северна Сирија и 14 километри југозападно од Антакија во јужна Турција, во провинцијата Хатај.
По него следеше уште еден земјотрес со јачина од 5,8 степени во истата провинција, пренесе ТАС С.