Фејсбук статус на Сања Лукаревска
лагодарам на мојата колешка, директорката на Даночната управа во Србија,Драгана Марковиќ за денешниот срдечен прием и одличен состанок со неа и нејзиниот тим.
Разговаравме за предностите и придобивките кои ги чувствуваат со воведувањето на Е– фискализација во Р. Србија. Слушнавме кои се позитивните аспекти со кои се соочиле при воведувањето на овој проект ,а разменивме и мислења за даночните прашања кои ги засегаат двете даночни администрации со можност за унапредување на соработка.
Со колегите од УЈП и колегите од МФ, бевме и во посета на Српското министерство за финансии.Целта беше проектот “Е- фактура” , кој е успешно имплементиран кај нив.
Споредбеното искуство е секогаш добредојдено.
Несомнено е дека Опен Балкан, и оваа соработка допринесуваат за успешни соработки ,јакнење на капацитетите и институционална меѓународна поддршка.