СДСМ денес повторно шири лаги во јавноста. Наместо да понудат конкретни решенија за проблемите на граѓаните тие уште еднаш се обидуваат тенденциозно да поентираат со лажни информации поврзани со дневно политички теми.
Општина Аеродром во целост ги демантира наводите изнесени на денешната прес конференција на СДСМ. Средствата наменети за јавното претпријатие „Лајка”, ниту се скратени, а ниту намалени. Напротив, општината Аеродром најодговорно и во предвидениот рок ги уплаќа овие средства во градскиот буџет. Во буџетот за Општина Аеродром за оваа година предвидени се токму 2 милиони денари, за оваа намена и како сите претходни години.
Дополнително, во СДСМ добро знаат дека законската обврска за решавање на овој проблем е целосно на градот Скопје и префрлувањето на одговорноста кон општина Аеродром е уште еден груб начин за манипулација на јавноста и ширење дезинформации.
Уште еднаш потенцираме дека, Општината Аеродром останува на ставот дека за решавање на проблемот со бездомните животни, неопходно е Градот Скопје и Јавното претпријатие „Лајка” да воспоставен ефикасен систем и овој проблем може да се реши само на тој начин. Средствата дадени за систем кој е нефункционален се залудно потрошени пари на граѓаните кои наместо да бидат инвестирани во разумни и корисни проекти, се трошат за неодговорно и недомаќинско работење на градската администрација, каде политичката партија СДСМ е во неформална коалиција.