САД ја контактирале Москва пред посетата на Бајден на Киев

Белата куќа денеска соопшти дека било стапено во контакт со Русија пред посетата на американскиот претседател Џо Бајден на Киев со цел да се избегнат какви било погрешни пресметки кои би можеле да доведат до директен конфликт меѓу двете нуклеарни сили.

Без да навлегува во детали, Белата куќа само наведе дека непосредно пред пристигнувањето на Бајден во Киев имало „основна комуникација со Русите“ за да се осигура дека нема да има конфликт, пренесуваат американските медиуми. 

Треба да знаете
Последни објави