Шведската воена разузнавачка служба тврди дека се засилува руската воена закана

Шведската воена разузнавачка и безбедносна служба (MUST) тврди дека Русија претставува јасна воена закана за нивната земја.

-Европскиот безбедносен поредок каков што го знаеме престана да постои… и со тоа се зголемија и ризиците за шведската безбедност, изјави Лена Халин, шеф на MUST на прес-конференција.

По почетокот на руската инвазија врз Украина, Шведска поднесе барање за членство во НАТО, но процесот за влез во Алијансата го спречуваат Унгарија и Турција.

Халин додаде дека очекува Русија, кога ќе може, да ги зајакне своите воени капацитети во близина на Шведска како одговор на кандидатурата на оваа нордиска земја за приклучување кон НАТО. 

Треба да знаете
Последни објави