Конфискуваните возила од пијани возачи Латвија ќе и ги испраќа на украинската армија

Латвија сака да ги испраќа возилата запленети од пијани возачи на украинската армија, откако новата коалициска влада го одобри овој потег минатата недела.

Идејата првично произлезе од летонското социјално движење познато како Твитер конвој/НВО Агендум, соопшти Министерството за финансии на земјата, кое веќе испорача повеќе од 1.000 автомобили на украинската војска.

Предлогот уследи по промената на кривичниот законик на Латвија кон крајот на минатата година, со што се заострени казните за возење во пијана состојба.

Според новиот закон, државата може да им го одземе возилото на оние возачи кои имаат повеќе од 1,5 промили алкохол во крвта.

Запленетите возила потоа ќе бидат проследени до Државната даночна управа, која во моментов ги става на аукција.

Но, според новиот предлог, тие сега би се испраќале во Украина.

Треба да знаете
Последни објави