Данскиот логистички концерн Moller-Maersk се согласи да ги продаде своите две логистички локации во Русија на IG Finance Development, објави денеска компанијата.
Групацијата во соопштението наведе дека продажбата на нејзиниот магацин во Новоросијск со капацитет од 1.500 контејнери и складиштето за ладење и замрзнување во Санкт Петербург, доби регулаторни одобренија во Европската Унија и Русија.
„Задоволни сме што најдовме нов сопственик за нашите две логистички локации во Русија и со тоа ја спроведеме нашата одлука да ги продадеме сите наши средства во таа земја“, рече главниот трговски директор Карстен Килдал.