Бројот на загинати во Турција се искачи на 41.020, соопшти АФАД, и се очекува да се зголеми, при што се знае дека околу 385.000 домови во земјата се уништени или сериозно оштетени, а многу луѓе се уште се водат како исчезнати.
Турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) соопшти дека речиси 13.000 багери, кранови, камиони и други индустриски возила биле испратени во зоната на земјотресот.
Меѓу жените има околу 226.000 во Турција и 130.000 во Сирија, од кои околу 38.800 ќе се породат во следниот месец, пренесуваат локалните медиуми.
Според написите, многу од жените се засолнуваат во кампови или живеат изложени на ниски температури и се борат да добијат храна или чиста вода, ставајќи го во опасност нивното здравје.
Медицинската добротворна организација Лекари без граници (MSF) соопшти дека конвој од 14 камиони влегле во северозападна Сирија во неделата за да помогнат во операциите за помош од земјотресот, бидејќи расте загриженоста поради недостигот на пристап до областа зафатена од војна.
Светската програма за храна (WFP) ги притиска властите во тој регион на Сирија да престанат да го блокираат пристапот бидејќи се обидува да им помогне на стотици илјади луѓе по земјотресот.
Во Сирија, која веќе е уништена од граѓанската војна, најголем број жртви има на северозападот. Областа е контролирана од бунтовниците кои се во војна со силите лојални на претседателот Башар ал-Асад, што ги отежнува напорите да се добие помошта за луѓето.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во неделата најави натамошна помош за Турција и рече дека Соединетите Американски Држави ќе ѝ дадат долгорочна помош на Анкара во нејзините напори за обнова по земјотресот овој месец.
Блинкен пристигна во турската воздушна база Инџирлик во неделата во официјална посета и разговори за тоа како Вашингтон може дополнително да помогне.