Поранешниот дански министер за одбрана Фредериксен обвинет за оддавање државни тајни

Поранешниот дански министер за одбрана Клаус Хјорт Фредериксен денеска изјави дека јавниот обвинител на таа земја официјално го обвинил за оддавање високо доверливи тајни.

Фредериксен, кој беше министер за одбрана од 2016 до 2019 година, беше обвинет според ретко користен дел од кривичниот законик кој предвидува максимална казна затвор од 12 години.

Во соопштението на обвинителот не се наведуваат прецизни обвиненија, но се наведува дека обвинетиот „во повеќе случаи оддавал државни тајни“.

Откако се соочи со прелиминарни обвиненија минатата година, Фредериксен им сугерирал на локалните медиуми дека тие се засноваат на неговите јавни изјави за таен договор за надзор меѓу Данска и американската Агенција за национална безбедност (НСА), пренесуваат светските агенции.

Треба да знаете
Последни објави